Потфрлија капиталните инвестиции на СДСМ, автопатот Кичево - Охрид кој требаше да биде пуштен на почеток на 2018 година сеуште не е реализиран

Објавил: Перо Милчин | 3 ноември, 2018 12:25

Поради измислени проблеми касни изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Фото/Текст извор: ©ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ потроши половина од својот мандат на жалби и поплаки. Две години власт, а Владата ништо не работи. Наместо да возиме по нов автопат, ние слушаме невистини од вицепремиерот Кочо Анѓушев дека сè било закочено, а тој успеал да откочи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри нови магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта, помина половина мандат, а ништо од тоа не е ни почнато да се прави, напротив, дури и проектите што се веќе почнати и во напредна фаза на реализација, поради неспособност, не може да ги завршат.

Проект на ВМРО-ДПМНЕ за нов автопат кој е со должина од 57 км. Проектираниот буџет за негова изградба беше 374 милиони евра, финансирани од ЕКСИМ банката и буџет на ЈПДП, што претставува една од најголемите капитални инвестиции, автопатот требаше да биде пуштен во употреба 2018 година, но поради политичките игри на СДСМ сеуште не е готов.

Проектите за автопатот Кичево-Охрид, кој од владата на ВМРО-ДПМНЕ беше оставен во напредна фаза на реализација, се правени од реномирани проектанти, а ревидирани од професори од Градежниот факултет. Доколку имало недостатоци во проектите, тие биле должни да констатираат и да укажат.
СДСМ не успеа да направи ниту километар од овој автопат, напротив, губи време на измислување проблеми каде што ги нема.

Цените и во основниот договор не се произволни, туку се утврдени по правилата на ФИДИК, на кои се повикува и Анѓушев. Кога е преговарано за договорот, според правилата на ФИДИК, произлегле тие цени, со оглед на тоа што параметрите се менуваат, се добиваат нови. ФИДИК-правилата и Законот за облигациските односи предвидуваат дека цените се променлива категорија во зависност од берзанските цени и аналогно на тоа може да бидат повисоки или пониски.

Додека соседните држави денес во Бугарија се на конференција за поврзување, безбедност и стабилност, на која присуствуваат првите луѓе на Бугарија, Грција, Србија, Романија, а на која ќе се дискутира и за инфраструктурано поврзување, Заев и картелот околу него се занимава со промена на името“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...