Министерството за внатрешни работи со сериозен пристап кон т.н. грешката која во суштина е реален приказ на географска мапа, која е оценета како сериозен пропуст и проблем

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 9:55

Поради мапата со Македонија и Северен Кипар, прераспределен цел сектор во грчката полиција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грција има панични напади кога ќе ја види Македонија на мапа, дотолку повеќе кога таа е во нотес на кој стои логото на грчкото министерство за внатрешни работи.

Имено по т.н. скандал, по наредба на началникот на грчката полиција, вкупно 13 лица вработени во одделот одговорен за издавањето на нотесот за 2019 година, биле преместени во други служби, поради мапата на која пишувало Македонија и Северен Кипар.

Според грчките медиуми, надлежниот Оддел за публикации на Дирекцијата за комуникација во грчката полиција не ги проверил нотесите кога биле доставени, а проверка немало ниту кога од фирмата задолжена за печатење бил доставен првиот примерок.

Заменик министерката за цивилна заштита на Грција, Катерина Папакоста, рече дека станува збор за сериозно прашање.

Според моето мислење, ова е многу сериозно прашање. Но, тоа, во никој случај, не може да влијае на угледот и престижот на грчката полиција, која е многу формална за овие прашања и има многу филтри на контрола. – рече Папакоста.

Нотесите за 2019 со знакот на грчката полиција, а доставени за продажба до сите полициски служби низ цела Грција се повлекуваат бидејќи на отпечатената мапа пишува Македонија и Северен Кипар.

По објавените фотографии и реакциите во грчките медиуми, од грчката полиција соопштија дека за печатењето била задолжена приватна компанија, дека ќе се спроведе внатрешна истрага, а нотесите ќе бидат повлечени.

Грчките медиуми, за целиот случај коментираа дека е голем гаф и голема грешка на полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.