Алжирските власти не ја исклучуваат можноста од колера, како во последните години од заразата, која се должи на екстремни нечистотии, заболени се над 60 лица

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 9:15

Поради страв од колера, 141 патник во карантин во Франција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Авион со 141 патник и член на екипажот денеска бил ставен во карантин во францускиот град Перпинан, каде пристигнал од алжирскиот град Оран, поради сомнеж дека осумгодишно дете во леталото боледува од колера.

Француските власти се посомневале откако детето почнало да повраќа и да има дијареја. По слетувањето, детето и неколку патници кои седеле до него биле хоспитализирани, а другите лица во авионот биле пуштени по лекарска проверка.

Во август во Алжир беа регистрирани првите случаи на колера во изминатите 22 години при што две лица починаа, а над 60 беа инфицирани.

Алжирските власти одговорија на ширењето на болеста со масовни кампањи за чистење на запуштените депонии и сметот од улиците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести