Во интервјуто, Џулијани жестоко се нафрли со обвиненија и навреди кон милијардерот, но и кон низа обвинители

Објавил: Македонка Димкин | 26 декември, 2019 0:57

Поранешниот градоначалник на Њујорк Џулијани бил поголем евреин од Сорос?

Фото/Текст извор: ©Њујорк магазин

Поранешниот градоначалник на Њујорк и адвокат на Доналд Трамп, Руди Џулијани, неодамна во интевју се фати во костец со унгарскиот милијардер Џорџ Сорос, фалејќи се дека е „повеќе евреин од Сорос, кој го преживеал Холокаустот“.

Во интервјуто, Џулијани жестоко се нафрли со обвиненија и навреди кон милијардерот, но и кон низа обвинители, со што на себе го привлече вниманието и од еврејскиот комитет на САД, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Американскиот милијардер Џорџ Сорос стои зад назначувањето на четворицата американски амбасадори во Украина, вклучувајќи ја и амбасадорката Мери Јовановиќ, изјави во интервју за списанието „Њујорк“ адвокатот на американскиот претседател, Рудолф Џулијани.
-Сорос ги постави сите четворица тамошни амбасадори. И тој ги најмува агентите на ФБИ, изјави поранешниот градоначалник на Њујорк.
Џулијани додаде дека Сорос ја „контролира“ Јовановиќ. Тој смета дека медиумите ги исполнуваат сите наредби на милијардерот, раскажувајќи невистинити прикаски за него лично.

Во интервју со „Њујорк магазин“, Џулијани го обвини Сорос дека тој е оној што ги влече конците и ја контролира Украина. Сорос честопати е цел на теории на заговор.

» Не ме обвинувајте за антисемитизам само бидејќи сум против Сорос. Тој не припаѓа на ниедна религија, црква или синагога, тој исто така не го поддржува Израел, туку напротив, тој е негов непријател. Сорос исто така помогна да се назначат осум анархистички обвинители во САД. Тој е ужасен човек – вели Џулијани.

Според него, Сорос е замешан и во процесот за импичмент на Трамп, а исто така има и ФБИ агенти под негова власт.

Откако Џулијани, кој е со италијанско потекло и израснал во католицизмот, бил обвинет за антисемитизам, тој самоуверено изјавил дека е „повеќе евреин од половина од неговите пријатели“.

» Да се биде против Сорос не е само по себе антисемитизам. Но, да се тврди дека тој контролира амбасадори и ФБИ агенти, тоа е антисемитизам – напиша на Твитер Џонатан Гринблат, извршниот директор на Лигата против клевети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести