Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2019 година, е забележано кај другите прехранбени производи за 0.9 %...

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2019 11:09

Пораст на трошоците на живот- раст на цените забележан кај зеленчукот и овошјето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, трошоците на живот во изминатиот месец, во однос на март годинава се зголемени за 0,8 проценти, а споредено со април лани за 1,9 проценти.

Пораст на индексот на трошоците на животот во април 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 5.1 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2.3 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, лебот и житата, другите пекарски производи за 0.5 %, алкохолните пијалаци за 0.3 % и маслото и маснотиите за 0.2 %.

Најголем пораст е забележан кај трошоците на живот кај овошјето, зеленчукот и авионскиот превоз на патници

Во април 2019 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 23.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 5.1 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.1 %, течните горива за домаќинствата за 1.5 %, обувките, туристичките пакет-аранжмани за 1.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0.8 %, автомобилите за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, велосипедите, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.3 % и текстилот за домаќинствата за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите прехранбени производи за 0.9 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.5 %, другите преработки од месо, рибата и морските плодови за 0.4 % и млекото за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај книгите за 1.0 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.8 %, теписите и другите покривки за под за 0.6 %, информатичката опрема за 0.5 %, одржувањето и поправката на сопствени сообраќајни средства, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, другите медицински производи за 0.3 %, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во април 2019 година, во споредба со април 2018 година, бележи пораст од 1.9 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 1.3 %.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести