Според нивната пресметка сумата која би требало да биде исплатена е нешто помалку од 10.000 евра.

Објавил: Перо Милчин | 21 ноември, 2019 20:57

Државата ќе им искешира 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Коалицијата сите за правично судење на Фејсбук ја објави пресметката на судските трошоци за одбраната на обвинетиот Никола Груевски кои што државата ќе треба да ги исплати поради тоа што настапи застареност на кривичното гонење во предметот „Траекторија“.

Според нивната пресметка сумата која би требало да биде исплатена е нешто помалку од 10.000 евра.

Неодамна судот констатираше дека настанала апсолутна застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата.

Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неодамна доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше.

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на МРТ рече дека верува во ефикасни судски процеси каде ќе се утврди вината и одговорност да си сноси осомниченото или обвинетото лице. 

– До ден денеска се прашувам како тоа Груевски е ставен по тој член за да делото брзо застаре, а другите не, кога сите ги слушавме бомбите кој тоа го организира. Јас не знам дали тука е судот или обвинителството и затоа зборувам за правосудството, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести