Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиловски соопшти дека партијата поднела до ДКСК нови приговори за кршење и на Изборниот законик и на Законот за антикорупција и судир на интереси.
1. Спротивно на законите, во изборен период, на 4 април, при започната изборна кампања, Платежната агенција соопшти дека се исплатени 77 милиони денари – или над 1 милион и 250 илјади евра – на над 2.000 лозари. И за ова ресорниот министер се пофали преку медиумите. Во случајот употребени се државни пари за исплата на долг на приватни фирми – значи не станува збор за субвенции или за тековни исплати!
Ова е класично кршење на членот 8-А од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Класичен случај на поткуп на земјоделци!
2. Поднесен е приговор повторно за информација од медиумите од 3 и 4 април, дека од 15 април започнува физичко обезбедување во училиштата на трошок на општината Гази Баба. Веста гласи дека по иницијатива на градоначалникот на Гази Баба родителите се ослободуваат од плаќање.
Повторно се работи за класично кршење на членот 8-А од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси – односно, во предизборен период, по распишани избори, општината носи одлука за исплати од сопствени средства кои не се редовни.
3. Следува нов приговор, в.д. градоначалникот на Ново Село – каде има и вонредни локални избори – дава согласност за вработувања на 10 работници.
Ова е исто така спротивно на двата закони – членот 8А од Изборниот и членот 34 од Антикорупцискиот закон.
4. Општина Штип ги ангажирала пожарникарите да делат дрва на социјално загрозените лица од градот, и тоа оди во локалните медиуми!
Среде кампања донесена е противзаконска одлука, со кршење на двата закони, за донација каде што се гледа како поткуп на гласачи и во тоа се злоупотребени и Општината и „Македонија пат“ и „Македонски шуми“, но и Противпожарната единица на Општина Штип. Оваа донација, можело да се спроведе пред распишување на изборите или по завршување на изборите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.