ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците нема да го поддржат изборот на Талат Џафери за прв човек во Парламентот!

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2020 14:54

Пратениците ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија дека нема да гласаат за Џафери

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците од собраниска говорница изјавија дека нема да го поддржат изборот на Талат Џафери за уште еден мандат како претседател на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците нема да го поддржат изборот на Талат Џафери за прв човек во Парламентот!

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница во Собранието, соопшти дека нема да гласа за изборот на Талат Џафери за претседател. 

По однос на предлогот за избор на претседателот ќе истакнам два аргументи. Првиот аргумент е искуството што го имам од претходниот мандат. Во октомври 2019 година Џафери го прифати Законот со марихуана, злоупотребувајќи го европското знаменце. Имаше и други закони кои беа со европско знаменце, а немаа допирна точка со европската регулатива. Поточно, Џафери не покажа капацитет и не верувам дека и сега ќе го направи тоа, рече Милошоски.

И од Колацијата Алијанса за Албанците-Алтернатива од собраниската говорница кажаа дека нема да дадат поддршка на Џафери, затоа што според нив ова парламанетарно мнозинство е нелегитимно!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.