Познавачите на партиските политики јасно видливо ги посочуваат нападите кон Заев од верните навивачи за Шекеринска која на функција во СДСМ ја одржуваат веќе 25 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 11:27

Пребега ли Груевски со помош на Шекеринска за смена на Заев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Маничните напади на премиерот Заев и министерот Спасовски дека поранешниот премиер Груевски им избегал од пред очи, можеби сепак имаат половична вистина.

Имено Спасовски покажа дека нема контрола врз најмалку 70 отсто од припадниците на ресорното министерство кое го води. Делот за кој смета дека му е верен е поделен како и партијата, за идолопоклоници на Заев и на оние кои повеќе ја преферираат Шекеринска.

Премиерот Зоран Заев имаше две изјави кои открија дека можеби и не знае што точно се случило. Наводното киднапирање на поранешниот премиер и изјавата дека Милајков можеби е соработник на правдата.

Имено и акцијата покажа дека дојавата за спектакуларно апсење на Никола Груевски покриена со бројни ТВ куќи можеби и не беше промашена акција, туку Спасовски навистина се надеваше на успех.

Имено дека е можно да се работи за комплетно ново сценарио кое го води лично заменик претседателката на СДСМ, актуелна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска говорат неколку факти.

Шекеринска има директна контрола врз организациониот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, кој своевремено во периодот од 2002 до 2006 година и како директор на УБК менуваше и премиери на СДСМ но и партиски претседатели на повик.

Судијката Кацарска му пресуди притвор на Владо Бучковски но не и на Зоран Заев. Бучковски на вондреден конгрес беше сменет иако не доби поддршка од Заев кој во 2005 година единствено доби потпис за кандидатурата за градоначалник од тогашниот премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски.

Шекеринска ја има и кадровата политика, преку генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацоски кој на секој директор на Заев стави по еден контра директор од радиното крило.

Спасовски систематски во МВР остана само со дузина послушници и лица од доверба. Аферата со директорот на БЈБ беше сценарио на внатрешни лица а не новинарско откритие. ОТА не е оперативна па неговите изјави одат од бегство низ зелени површини, до оние слични и на Заев дека граничната полиција можеби има вина, иако таа веќе не е под контрола на МО на Шекеринска.

Шекеринска со ДУИ комуницира со потпретседателската тројка, Арифи, Бејта и Меџити но не и со Ахмети а најмалку со Муса Џафери иако и бил и колега во владата па дури и воделе истородни ресори.

СЈО е клучот. А СЈО игра како ќе каже запад.

Македонскиот банкарски систем познава еднообразна процедура за затворање на тековна или дебитна банковна сметка. Тоа е лично присуство и мал милион правни документи.

Процедурата па дури и за поранешен премиер не е интерна туку е јавна, на шалтер, што не е јасно како никој не го препознал Груевски кој успеал да ги испразни сите сметки но и да затвори најмалку 10 од нив.

Реакциите на Заев и Спасовски дека ова сепак им е исценирано, подметнато сценарио, т.н. кукавичко јајце од Шекеринска говорат со изјавите дека МВР не е виновно, дека Никола Груевски бил слободен човек и дека не можеле да го уапсат, што го отвори и прашањето како тогаш мислеле Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија да го направат тој чин?

СЈО побарало притвор за Јанакиески и Божиновски за бегство кое го планирале пред 14 месеци? Зошто по 14 месеци? Што се чекало 14 месеци?

Тимот Шекеринска контра тимот Заев. Партиските извори се едногласни во ставот дека по партиската поделба на Бихаќка, Шекеринска не го сака Заев ни за премиер ни за претседател на СДСМ, нешто што успеала да го реализира како во историјата на партијата сменила 4 премиери и исто толку претседатели.

Сепак две изјави на Заев се интуитивни дека ова сепак можеби не е негово дело. Првата е изјавата дека поранешниот премиер е киднапиран, која ја појасни со зборовите дека нема моментално соодветен збор за она што сака да го каже, како и изјавата дека Мијалков можеби е или не преименуван од обвинет во сведок од страна на СЈО па затоа шета слободен низ Македонија.

Имено поранешниот премиер немаше што да изгуби ако гласаше за уставни измени. Откако во септември пред две години максимално ги влоши односите со својот прв братучед, Груевски делуваше сам, мислејќи дека Мијалков нема да остане во сенка.

Одеднаш и осомничениот од СЈО Муса Џафери по изјава на премиерот Заев се враќа на старото вицепремиерско место за рамковен договор кој никако да го спроведе веќе 15 години. Џафери во оваа и онаа влада на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ имал пријателски релации само со Мијалков и Верушевски.

Она што го дознаваме од извори блиски до поранешниот премиер е дека тој од Унгарија како политички азилант, со што пред ЕУ ќе се потврди политичкиот прогон на неистомислениците на Заев е дека нема да мирува, напротив, со себе не понел само куфер со облека, туки и материјали кои планира фазно да ги пласира, познат процес како бомби за бомбите на Заев.

Познавачите на партиските политики говорат дека уцените на Заев кон Груевски кои започнаа уште со средбите во владата во 2014 кога беше уценуван за оставка без правна разрешница, сега ќе се истиот камен кој ќе удри врз главата на Заев, како Груевски со политички азил потврди дека Заев владее режимски со што се очекува објава на информации кои ќе формираат нова политичка криза.

Шекеринска по ова ќе има легитимитет да го смени Заев, Спасовски и кадрите по оваа линија, со што преку т.н. интелектуално крило на ДУИ во кое не е Муса Џафери ќе се реализира сценариото, албанец за кандидат за претседател на Македонија, иако не е исклучена можноста тоа да биде било која личност која има најмалку едно дипломатско искуство со што би бил “англиска кралица” која би ги аминувала одлуките на извршната и законодавната власт.

Шекеринска како и два пати претходно би го превзела в.д. премиерското место во Владата на Македонија но и претседателското место во СДСМ. Иако веќе еднаш беше на највисоката партиска функција па си поднесе оставка.

Паниката кулминира со Заев и киднапирањето, молкот на Спасовски, Мијалков – нов заштитен сведок на СЈО и враќање на политичката сцена на Муса Џафери. 

Клучниот играч сепак е СЈО и Јанева. Од Заев а и од Шекеринска доби ветување дека ќе е вечен специјален обвинител. ДУИ не е за продолжување на мандатот на СЈО. Јанева делува по наредба. Милајков не е опасност, Јанакиески е? Но послушноста на ова политичка тело кое е противуставно доаѓа од центарот кој и го формираше, САД и ЕУ на кои повеќе од извесно им е преку глава од неуспешноста на Заев да ги спроведе сите ветувања дадени на секого, само Македонија и Македонскиот народ да ги нема на историската мапа на Балканот.

Ако ова е актуелната тема на македонската политичка сцена, тогаш сосема јасно е зошто Димитров доби дипломатски шамари од сите колеги од регионот во паниката зошто им пребегал Никола но и зошто Дескоска денес ќе врачи барање за естрадикција на земја со која Македонија нема договор за правна реализација.

Паниката е до таа мера, да министерството за правда се повикува на акти од СФР Југославија кога и Унгарија имаше комунистички режим на владеење за кој Орбна не сака ни да слушне.

Која е конечната цел на поранешниот премиер?

Уставните измени ќе се вина на Заев, Ахмети и Мијалков, Шекеринска ќе се килаво амнестирана а Никола Груевски ќе биде политичкиот “жртвеник” кој дал се од себе за спас на Македонија за Македонците.

Секако сценарио кое и нема така лесно да помине кај ВМРО – ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски а особено членството на партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.