Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во 16 часот и 7 минути им честиташе на граѓаните успешен референдум, пост на Твитер кој набрзо го избриша

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 17:56

Премиере, важи ли пораката од 16 часот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот и претседател на СДСМ, пиши – бриши, честиташе успешен референдум, па го избриша твитот.

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник, Антонијо Милошоски, поприлочно активен на социјалните мрежи забележа како премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев објави честитка до граѓаните за успешен референдум, која набрзо ја избриша.

Твит пораката од официјалниит профил на премиерот Зоран Заев, која беше избришана но не и загубена, па јавноста очекува да ја испочитува во целост.

Имено Заев на Твитер објави порака со следната содржина:

Денес е нов празник за Република Македонија.

Граѓаните одлучија за иднината на нашата земја.

Очекувам Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која што денеска ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја.

Заев и не згреши.

Граѓаните во 2/3 јасно му ставија до знаење дека се против Договорот од Преспа, против Уставни измени и против погубните политика на неговата влада.

Останува уште да остане на ветеното, иако пораката ја избриша веднаш, на што Милошоски искоментира:

Во 16,07 @Zoran_Zaev напиша твит “денес е нов празник на државата и граѓаните ќе донесат јасна одлука” на референдумот за смена на името и Уставот на државата.

Откако ги виде поразителни бројки од 20% излезеност до 16 чaсот и гласот на незадоволство од гласачите од Теарце до Струмица и од Битола до Куманово, го избриша твитот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести