По повод патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец посебен гостин на мештаните од Пустец беше Илир Мета кој запали и свеќи

Објавил: Македонка Димкин | 30 јули, 2018 22:51

Претседателот на Абанија специјално во посета на Македонското село Пустец

Фото/Текст извор: © Васил Стерјоски / магазин

Македонците од општина Пустец, Мала Преспа, го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец.

На денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена-Огнена Марија, заедно со Македонците беше и претседателот на Албанија, Илир Мета, кој го честиташе, како што рече, овој свет ден и запали свеќа за здравје.

Поздравувајќи ги присутните верници, нагласи дека за кус временски период повторно е во општина Пустец, но оти денеска е со посебен повод, а тоа е одбележувањето на патронот на црквата, која „ги обединува граѓаните со природната, духовната и човечката убавина и доблест“.

Да е честит овој  значаен ден, ден кога вие сите се молите за подобра иднина, кога вие сите заедно барате помош од Света Марена, за еден подобар живот, за мир, здравје во вашите семејства, за многу радост и среќа. Огромно е задоволство да се види толку многу народ денеска, посебно толку многу млади, кои ги негуваат традициите, кои некогаш беа забранети, млади кои сега гледаат со толку верба во иднината, рече претседателот Мета.

Илир Мета е роден на 24 март 1969 година во Скрапар, Албанија. Основно и средно училиште и факултет завршил во Тирана. Тој зборува албански, англиски и италијански јазик.
Тој е бекташки муслиман. Оженет е за Моника Крјемада од октомври 1998 година. Заедно имаат две ќерки: Бор и Ер, и еден син: Бесара.

Пред верниците, кои беа дојдени не само од селата на Мала Преспа туку и од подрачјето на Корча, Ресен и Прилеп, посочи дека секогаш се чувствува пријатно и гордо меѓу „прекрасната македонска заедница“ и вети дека тоа ќе го прави многу често.

Вие сте една прекрасна заедница, истакна Илир Мета мирољубива и трудољубива, која заслужува една подобра иднина. Да ни е напомош на сите нам за подобра иднина Светата великомаченица Марена. За Пустец, за Албанија, за Македонија и за нашиот прекрасен соживот. Убавини и добрини секогаш, рече Мета. Претседателот   ја посети и пештерската црква „Света Богородица“ во Туминец.

Тој во селото Глобочани положи свежо цвеќе на споменикот на еден од најпознатите албански писатели со македонско потекло, Стерјо Спасе и му оддаде почит.

Мета беше придружуван од претставници на локалната власт на Пустец како и од нам добро познатиот Васил Стерјоски голем активист за македонските права, а средби имаше и со жителите од овој кра

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.