Ова е преседан и во македонската, но и во европската пракса. Слободата на здржување во форма на здружение на граѓани и нивните активности се европска светост и тренд, кој сеуште се актуелен и интересен за граѓаните.

Објавил: Едмонд Бекири | 28 декември, 2018 19:56

Прилепското Обвинителство работи по „нарачка„ ?

Фото/Текст извор: ©маркукуле.мк / магазин

Деновиве како гром од ведро небо проструи информацијата дека прилепското ОЈО поднело обвинителен предлог за НВО известува порталот марукуле.мк 

Ова е преседан и во македонската, но и во европската пракса. Слободата на здржување во форма на здружение на граѓани и нивните активности се европска светост и тренд, кој сеуште се актуелен и интересен за граѓаните. Овој потег не остана незабележан и кај институциите што ја поттикнуваат активноста на НВО во Република Македонија, но и пошироко.
Наводно, деновиве со ова биле запознати РЈО, Републичкиот Омбудсман, претставниците на буквално сите амбасади во РМ, OBSCE, ODHR, ЗНМ, многу европратеници и сите други релевантни фактори.

Нападнати се две фундаментални човекови права – слобода на изразување и слобода на здружување (Член 10 и 11 од ЕКЧП).
Наместо да се промовираат европските вредности тие се напаѓаат, што е своевиден преседан во поновата македонска историја.
Може само да се претпоставува како сево ова ќе влијае на ранкингот на Р. Македонија во извештајот на Репортери без граници за слободата на медиумите. Од друга страна во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава се нотираше дека граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддржувањето на демократските процеси и обезбедувањето поголеми проверки и рамнотежи. Како и дека климата во која работат организациите на граѓанското општество е подобрена.

Имајќи го ова во предвид, може да се очекува дека ваквите случувања ќе влијаат негативно на имиџот на земјава во делот на слободите на изразување и здружување, во делот од подглавјето посветено на невладиниот сектор и медиумите во Извештајот за напредокот на Р.М., имајќи предвид дека сме под постојан мониторинг од Европските тела и меѓународните институции.

Оваа ситуација е само еден ден пред “опомената” на Американскиот Амбасадор дека судиите и обвинителите треба да постапуваат според законот, а не партиските притисоци да бидат изговор за некакаква си амбасадорска насока?!


(На фотографијата е актуелниот правобранител г -нот Мемети). Со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и измените на Уставот на Република Македонија се донесе и нов Закон за народен правобранител со кој се предвиде децентрализација на Институцијата и формирање на регионални канцеларии и од друга страна проширување на надлежноста на Народниот правобранител да презема дејствија за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт. Тоа говори дека овој механизам во државата се развива во согласност со современите текови и во исто време со потребите на граѓаните кое вешто придонесува во градењето на мултиетничката доверба и претставува нужност за мирното живеење и развој на државата.

Во Република Македонија Институцијата ОБДУСМАН првпат е предвидена со Уставот од 1991 година, после што во 1997 година беше избран и Законот за народен правобранител, а набргу потоа беше избран и првиот Народен правобранител и Институцијата започна да функционира во 1998 година откако беа исполнети техничките и кадровските услови за тоа. Омбудсманот во РМ нема законодавни, судски или извршни овластувања ниту е орган за кривично гонење или инспекциски орган.

Во надлежноста на Омбудсманот не спаѓа донесувањето одлуки со кои мериторно се одлучува за правата на граѓаните како што е случај со судовите, органите на државната управа и други органи и организации на кои правно-политичкиот систем им обезбедил присилен инструментариум. Напротив, Омбудсманот е предвиден како еден вид контролен механизам кој интервенира со предлози, укажувања, сугестии, забелешки, препораки и слично.

Иако, во основа ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од државните органи, неговото дејствување има и поширока улога, значење и цел бидејќи Омбудсманот ги насочува своите дејствувања и кон унапредување, усовршување и подобрување на работата на државната управа како сервис на граѓаните со цел поефикасно и побрзо да го остварат своето право без одолжување на управните и избегнување на непотребните судски постапки.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.