Организамот на алергичните лица бурно реагира на некои појави од нашето природно опкружување кои инаку не се штетни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 мај, 2019 20:57

Природни билки против пролетните алергии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За многумина пролетта е најубавото годишно време, кога почнуваат да цветаат дрвјата, цвеќињата, се е зелено но за жал ова годишно време е непријатно за оние кои патат од алергии.

Алергија всушност е преосетливост на одредени супстанци, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. 

Се поголем е бројот на луѓе кои страдаат од пролетни алергии

Организамот на алергичните лица бурно реагира на некои појави од нашето природно опкружување кои инаку не се штетни. Носечките алергени кои предизвикуваат алергиска реакција, може да бидат: полен, храна, спори, животни, отров од инсектите итн.

Но сепак не очајувајте, постојат природни лекови што ќе ви помогнат многу полесно да се справите со пролетните алергии. 

Камилица – многумина ја сметаат за кралица на билките, таа има анти-воспалителни својства и со редовно нејзино користење, поминува чешањето на очите. Доколку имате непријатно чешање и солзење на очите, се што треба да направите е да држете три до пет минути чај од камилица на нив, неколку пати во текот на денот и веднаш ќе го почувствувате ефектот.

Коприва –  исто така е делотворна билка, која помага да се намалат алергиските симптоми, како што се кашлањето и чешањето на очите, во случај на пролетна алергија. Обидете се редовно да пиете по една чаша чај од коприва.

Нане – нането е многу добар лек за запушени дишни патишта. Направете чај од свежи или суви лисја од нане, пијте два пати дневно и веднаш ќе почувствувате подобрување во дишењето.

Мајчина душица – Доколку имате кашлица, и чувствувате гушење, напијте се чај од мајчина душица. Тој има и благотворно дејство на болките во грлото. Овој чај може да го најдете во сите билни аптеки.

Ѓумбир – оваа билка се препорачува речиси за секоја болест, бидејчи се смета за најделотворна. Тој може да ја смири иритацијата на грлото, а особено е моќна кога е во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир : во топла вода, ставете пет грама свежо рендан ѓумбир и сето тоа варете го околу десетина минути . Во него додадете, една лажица мед. Резултатите се видливи по неколку пиења.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...