Рускиот претседател тогаш ја изведе песната „Блубери Хил“ на англиски јазик.

Објавил: admin@magazin | 31 јануари, 2020 20:46

Путин запеа, ХОЛИВУД во транс: Рускиот претседател ги дигна на нозе најголемите светски звезди- легендарено видео

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Официјалната веб-страница на рускиот претседател Путин – 20 години, објави многу фотографии и снимки од животот на Владимир Путин, кои го обележаа неговиот професионален живот. 

Рускиот претседател во 2003 година ја изведе песната „Блубери Хил“ на англиски јазик. Публиката беше составена буквално од актерските кремови на Холивуд, како Ричард Гир, Сем Касел, Шерон Стоун и многу други познати уметници.

Владимир Путин бил инаугуриран за претседател на 7 мај 2000 година. Тој го назначил министерот за финансии Михаил Касјанов како неговиот премиер. Во мај 2000 година тој издал дектет за формирање на 89 федерални субјекти на Русија и 7 федерални окрузи со цел полесно функционирање на федералните администрации.

Владимир Владимирович e роден на 7 октомври 1952 година, руски политичар и актуелен претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 1999 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

За време на неговиот прв мандат, тој започнал да се справува со моќта на дел од поранешните олигарси на Елцин, како што се Борис Березовски, кој според самиот него му помогнал на Путин да влезе во претседателскиот кабинет и ја финансирал кампањата на Путин.
Во периодот од 2000-2004 година завршила т.н. Јукос афера, период во кој Путин започнал отворена војна со најголемиот дел од руските олигарси. Според оваа зделка, на олигарсите им било дозволено да го задржат поголемиот дел од своите имоти во замена за нивна експлицитна поддршка на владата.
Еден од првите поголеми предизвици на Путин дошол по потонувањето на подморницата Курск каде тој бил жестоко критикуван. Во декември 2000 година Путин го променил и законот за националната химна на Русија.

Химната ја заменила „Патриотската песна“, којашто била официјалната химна од 1990 година.

Пред и по донесувањето на новата химна, либерални групи развиле грижи дека враќањето на советската химна ја враќа Русија во советската ера.

Новиот текст бил составен од страна на Александар Василевич Александров со мали измени од Сергеј Михалков кој претходно бил автор на текстот на двете верзии од советската химна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.