Од денеска Шведска и Финска се блиску до пристапување во НАТО, откако Турција се откажа од ветото на нивниот влез.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јуни, 2022 7:08

Путин коментираше за Финска и Шведска во НАТО и за нападот врз трговскиот центар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/слободен печат

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „ќе одговори со иста мерка“ во случај на воспоставување бази на НАТО во Финска и Шведска.

Од денеска Шведска и Финска се блиску до пристапување во НАТО, откако Турција се откажа од ветото на нивниот влез.

 

Руските прорежимски агенции јавуваат дека Путин рекол дека не исклучува „избувнување на нови тензии“ во односите на Москва со Хелсинки и Стокхолм поради влезот на Финска и Шведска во НАТО.

 

Русија не напаѓа цивилни цели

Рускиот претседател за првпат го коментираше смртоносниот руски ракетен напад врз трговскиот центар во Кременчук, во кој загинаа 18 цивили, а 21 се сметаат за исчезнати.

Путин рече дека „нема терористички напад во Кременчук“, и додаде дека „Русија не напаѓа цивилни цели“, пренесуваат руските прорежимски медиуми.

Зеленски: Русија е терористичка држава

За потсетување, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја нарече Русија „терористичка држава“ поради тој напад.

Од Русија, пак, тврдат дека пожарот во трговскиот центар бил предизвикан од напад на складиштето за оружје во тој простор, а не од директен напад на центарот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека истрелало проектили врз складиште за оружје во градот и дека пожарот бил предизвикан од последователна експлозија на муниција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести