Радован Караџиќ е осуден на 40 години затвор од страна на Хашиот трибунал, а второстепената пресуда на Радован Караџиќ ќе биде изнесена на 20 март во 14 часот во Хаг,.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2019 10:56

Радован Караџиќ се враќа во Србија? 20 март доаѓа како слободен човек

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Постои голема шанса Радован Караџиќ за 5 дена да стигне во Србија и тоа како слободен човек.

Тоа го тврди Милорад Којич, директорот на Републичкиот центар за истражување за војни и војни злочини на Република Српска, а исто така и во тоа е уверен и неговиот брат Лука Караџиќ.

Радован Караџиќ е осуден на 40 години затвор од страна на Хашиот трибунал, а второстепената пресуда на Радован Караџиќ ќе биде изнесена на 20 март во 14 часот во Хаг, а тој очекува да му биде изречена ослободителна пресуда.

Милорад Којич во жалбената постапка јасно и недвосмислено докажал дека не постои никаква одговорност на политички раководства, за кој е обвинет Радован.

Караџиќ е многу возбуден поради изрекувањето на пресудата, се слушаме по неколку пати на ден и многу разговараме за неговите идни планови, рече Којич за Ало.

Неговиот брат Лука Караџиќ вчера изјавил дека цела негова фамилија со нетрпение го чека денот 20 март, сите се оптимисти и веруваат дека Караџиќ ќе биде ослободен од Хаг.

Се радуваме на доаѓањето на Радован, Со брат ми цело време се слушаме на телефон, тој е најголем оптимиста, и сигурен е на позитивно решение. Да веруваш е многу добро, правдата ќе дојде на виделина, колку и да е спора некогаш. Тие го ослободија Насер Ориќ, кој беше 15 км оддалечен од Сребреница, каде се правеше масакр над србите кои живееја таму. Тоа беше геноцид над Србија, се убиваа стари луѓе, деца и жени, а тој лично го водеше тие акции. Радован беше обвинет, иако 60 % од војната во Босна, го помина насекаде по светот на различни преговори и фактори, Правдата ќе дојде, изјави неговиот брат Лука за српски „Ало„.

Хашкиот Трибунал го обвинува Радован Караџиќ по единаесет точки и тоа:· 6 обвинувања за геноцид, соучество во геноцид, злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војувањето и тешки повреди на Женевската конвенција од 1949 година ( намерно убивање)
· За протерување на политичка, расна и верска основа и други нехумани дејствија, насилно преселување – депортација
· За насилно принесување на терор меѓу цивилите и држење на заложници

Радован Караџиќ е српски психијатар, поет и политичар, прв претседател на Република Српска, па и еден од основачите и прв претседател на Српската демократска партија, во тогашно време демократска партија на Босна и Херцеговина.

Официјално почнал да се занимава со политика во 1989 година кога ја основал „ Српската демократска партија“ , а во јули 1990 година бил назначен и за претседател на истата, а од вкупно 222 гласа тој добил 221 глас.

Во текот на 1991 година, Радован Караџиќ, како член на координационото тело „Конвенции за Југославија“, всушност тоа претставувале последните обиди за зачувување на Југославија, на чие чело стоел Драган Ѓокановиќ претседателот на „Демократската партија на федералистите“, се залагал за зачувување на демократизираните сојузни држави.

Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, двајцата обвинети од страна на Хашкиот трибунал за воени злосторства во Сребреница и Босна и Херцеговина.

Со оглед на тоа дека муслиманските и хрватските партии од Босна и Херцеговина биле против останување на Босна и Херцеговина во рамки на Југославија. Караџиќ заедно со други српски политичари од Босна и Херцеговина во 1992 година решава да ја оформи Република Српска, во Босна и Херцеговина, со што би им се овозможило на србите во Босна и Херцеговина да останат во рамките на Југославија. Радован се сметал за смирен,сталожен,слаткоречив и многу добар преговарач.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести