По завршувањето на настанот била организирана вечера од страна на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јуни, 2022 6:09

Рама: Во Солун ја исмевав грдата блокада на Македонија од Бугарија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рама: Во Солун ја исмевав грдата блокада на Македонија од Бугарија!

Не знаеш дали да се смееш или плачеш поради хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја исмевав грдата блокада на Македонија од Бугарија, објави денеска премиерот на Албанија Еди Рама на Твитер откако на самитот во Солун ја нарече Македонија Западна Бугарија, на што се насмеа премиерот Димитар Ковачевски.

На самитот на SEECEP во Солун во петокот, грчкиот премиер Киријакис Мицотакис, ги претставуваше македонските колеги на германскиот канцелар Олаф Шолц, Рама упадна и му рече на Ковачевски дека тој е премиерот на иднината „Западна Бугарија”.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСИЈЕ), неодамна во Солун учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

По завршувањето на настанот била организирана вечера од страна на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.

Како што може да се види на една од снимките кои ги објавија грчките медиуми, Мицотакис му го претставил Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц како премиер на Северна Македонија, а албанскиот премиер Еди Рама се пошегувал дека Ковачевски е премиер на државата која во иднина ќе биде Западна Бугарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести