Академската јавност со идентичен став, најавените реформи во јавната администрација од ресорниот министер Манчевски ќе значат и отпуштања од работа, само по кој терк

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 6:01

Реформите во администрацијата, подразбираат бркање од работа

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Најавените реформира на јавната администрација во Македонија, која брои безмалку над честврт милион граѓани, а ја најави ресорниот министер Манчевски, според академската јавност ќе значи и отпуштања.

Експертите впрочен се скептични за најавените реформи во јавната администрација.

Професорот Борче Давитковски смета дека е невозможно, како што тврди министерот Манчевски, една институција да се укине, а притоа да не бидат отпуштени вработените.

Давитковски вели дека ако постои искрена волја, прекубројната администрација полна со партиски војници, може да се деполитизира со само едно тестирање.

Цел на реформите според него, не може да бидат само позитивните оценки од ЕУ, туку да се создаде мала, а ефикасна администрација во служба на граѓаните.

Реформите во администрацијата се дел од Планот 18.

Манчевски најави дека ќе се разгледува ефикасноста на сите институции, по што некои ќе го зачуваат сегашниот статус, некои ќе се спојат во едно, а непотребните органи целосно ќе се укинат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести