Која е потребата новинар да има серитифкат за државна тајна и која е потребата Орданоски да има пристап до државни тајни

Објавил: Узунов Бобан | 1 февруари, 2019 15:14

Сашо Орданоски добил сертификат за државна тајна

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Оваа информација која беше објавена на порталите за Канал 5 ја потврдија од Дирекцијата за Безбедност  на Класифицирани информации. Велат дека новинарите, како и други физички лица  според законот можат да добијат сертификат доколку тоа го побара некоја институција, и доколку биде исполнет принципот ,,Потребно е да знае“.

Според  Законот класифицираната информација за“Државна тајна” ги опфаќа највисоките државни органи – од Претседател на државата, премиерто, министрите….

Од Дирекцијата не соопштуваат од која од институција дошло барањето, ниту за која потреба му бил издаден.

Безбедносните сертификати се издаваат на сите лица за кои постои потреба за пристап до класифицирани информации на Република Македонија до степен Доверливо и нагоре вклучувајки ги и новинарите. Потребата за пристап до класифицирани информации на РМ ја одредува создавачот на информацијата и по утврдување на потребата се врши распределување на класифицираните информации до сите лица за кои создавачот ја утврдил потребата за пристап.  – велат од Дирекцијата.

 

Според пишувањата на порталите, безбедносниот сертификат од највисок ранг бил доделен во експресно време, што остава сомнеж дали во случајот биле направени сите безбедносни проценки.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека МВР нема надлежност при нивното издавање.

Пред една година имаше лавина од реакции во јавноста откако се појави информација дека Претседателот Иванов имал намера да побара безбедносни сертификати за дваесетина новинари, со цел да присуствуваат на седниците на Советот за безбедност, како и да имаат пристап до документи поврзани со бегалската криза. Тогаш Орданоски, во колумна изрази сомнеж дека на таков начин се прави подготовка на некои од новинарите да им се лиферуваат документи со безбедносни класификации, кои подоцна би биле злоупотребени..

Тогаш жестоко реагираше и ЗНМ, но засега комнтар за случајот со Орданоски нема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести