Еве колку може да се заработи?

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2018 11:08

Се бараат берачи на грозје во соседството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Наскоро во регионот почнува бербата на винско грозје и а само на компанијата Плантажа ќе и требаат околу 800 работници.

За сите работници кои доаѓаат од страна се обезбедни сместување и храна, а заработката е солидна, вели Симо Болјевиќ, координатор во виноградарското-овоштарско производство.

Работник на Чемовско поле дневно може да заработи до 30 евра, па и повеќе.

„Кога се работи за грозјето, просечен работник може да набере 60 до 70 гајби. Во гајба се собираат седум килограми грозје и таа се плаќа по 40 центи, така да просечната заработка е од 25 до 30 евра, иако некои работници берат и повеќе“, вели тој.

Бојан Бубањ, сезонски берач на грозје од Црна Гора, вели дека оваа работа ја работи 10 години и дека дневно заработува до 25 евра.

„Во просек берам 40 гајби, но ако е добар денот и му пслуќи на расположението, можам да наберам и до 60 гајби грозје, тоа пак е 25 евра, што не е лоша заработка. Малку ни пречат горештините, но навикнавме. Имаме сместување и два оброка, така да немам забелешки на условите“, вели тој.

На „Плантажа“ веќе берат праски, но тоа го покриваат домашни работници. За бераба на грозје очекуваат работници од соседните земји пишува „Дневне новине“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.