И во време на светска економска криза, државата има пари, има капацитети да застане зад сериозни капитални инвестиции на локално ниво. Грижата за граѓаните на централно и локално ниво продолжува.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 ноември, 2020 13:29

Се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет економски мерки

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со веќе усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет економски мерки, за поддршка на граѓаните и економијата, за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19.

Дополнително, обезбедувме средства за 19 капитални, локални проекти, важни за граѓаните ширум земјава:

✅ Скопје – Реконструкција на Универзална сала
✅ Куманово – Реконструкција на спортска сала Соколaна
✅ Пробиштип – Проект за техничка вода за индустриска зона
✅ Крива Паланка – Канализација Бурови бавчи и Бојанов дол
✅ Кочани – Кружни текови на улица Теодосија Пенов
✅ Охрид – Имплементација на препораките на УНЕСКО
✅ Маврово Ростуше – Еколошко решение за управување со отпад
✅ Центар Жупа – Реконструкција на улица Илиска Краста
✅ Штип – Конзоли за пешаци
✅ Валандово – Изградба на пат Чалакли-Татарли
✅ Прилеп – Улица Кеј Први Мај
✅ Дојран – Дел од канализациона мрежа с. Фурка
✅ Демир Капија – Изградба на канализација
✅ Чаир – Систем за водоснабдување
✅ Тетово – Цевки за систем за водоснабдување
✅ Сарај – Канализациона мрежа
✅ Кичево – Изградба на ОУ с. Црвица
✅ Скопје – Почеток на изградба на клучка кај Момин Поток
✅ Скопје – Почеток на изградба на мост во Карпош 4 кон улица Скупи.

 И во време на светска економска криза, државата има пари, има капацитети да застане зад сериозни капитални инвестиции на локално ниво. Грижата за граѓаните на централно и локално ниво продолжува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...