Обвинувањата од 2016 година дека Заев барал 250.000 евра мито од Јакимовски никогаш немаа судски епилог

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 15:18

Се осветува ли Заев за скандалите кои му ги разоткри Јакимовски?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред речиси две години претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски обелодени мега скандал поврза со актуелниот премиер Заев и тврдеше дека Зоран Заев како претседател на СДСМ му побарал на Јакимовски мито од неверојатни 250 илјади евра.

Јакимовски уште тогаш истакна дека има доказ ливче на кое писмено Заев ги напишал своите барање иако лидерот на ГРОМ тогаш во јавноста го обелодени скандалот неговиот глас не допре до Основното Јавно Обвинителство.

50 илјади евра Заев му побарал на Јакимовски за изградба на црквата во Струмица исто толку пари му побарал за развој на спортот и културата во оваа општина додека 100 илјади евра Заев му побарал за граѓаните во општината од ромска националност

Имено Јакимовски во изјава за “Канал 5” тогаш изјави:

“Се закануваат луѓе кои што се вмешани во криминал до гуша. Целиот врв на СДСМ. Уште еднаш повторувам дека Заев е човек кој што е близок до криминалот и дека тој е упрљан и тоа многу. Затоа што мене лично за фирма која што требаше да управува со цврстиот отпад во струмичкиот регион ми испостави ливче на кое што пишува дека 50 илјади евра треба да се дадат за спортот во Струмица 50 илјади евра да се даде за црквата што се гради во Струмица 50 илјади за културата и 100 илјади евра како тој што вели “ромите го јаделе секое сабајле му барале пари пред врата” него лично да му се дадат за да може тој да ги исплаќа тие сметки.” – изјави Јакимовски на 11-ти март 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести