Обвинувања за партизација на МВР имаше и од ВМРО-ДПМНЕ за што Оливер Спасовски доби и интерпелација од опозициската партија

Објавил: Узунов Бобан | 31 декември, 2018 12:43

СКАНДАЛ: Министерот Спасовски без трошка совест, дели членски книшки од СДСМ!

Фото/Текст извор: ©фесјбук / магазин

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објавил на 29 декември годинава како во родното Куманово дели партиски книшки на СДСМ. Ова е груба злоупотреба на позицијата прв полицаец особено тоа што Оливер Спасовски се залагаше за департизација на МВР и одделување на партијата од државата.

Ваквиот настап на Спасовски може да се толкува како порака до граѓаните дека сите граѓани не се еднакви пред законите и дека можете да се вложите во државата, во случајов Министерството за внатрешни работи само преку членска книшка на СДСМ.

Првиот полицаец лично дели партиски книшки во Куманово

» На крајот на годината нема ништо поубаво отколку да ви се зголеми семејството. Општинската организација на СДСМ Куманово од денеска е побогата за 814 членови, млади луѓе ентузијасти кои сакаат да се вклучат во партијата.

» Јас на сите нив им честитам за изборот да бидат дел од СДСМ во време кога се испишува историјата на државата, кога треба да се искористат сите капацитети. Со ова испраќаме порака дека СДСМ секогаш е отворена за квалитетни, млади, образовани кадри, кои што сакаат да се вложат и во партијата и во државата – напишал Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.