Расправата на Комисијата за имунитетни прашања во Собранието повеќе наликуваше на судница!

Објавил: Данаил Михајловски | 22 февруари, 2019 13:54

СКАНДАЛ: Пратеникот Сашко Костов му пресуди на Вељаноски!

Фото/Текст извор: ©СДСМ

Врв на мешањето на законодавната, извршната и судската власт, денес беше изјавата на пратеникот Сашко Костов (СДСМ, Кочани), кој буквално изрече пресуда кога во неговиот говор истакна дека барањето за притвор е основано и рече дека “Трајко Вељаноски е одговорен за насилствата од 27-ми Април“!? Фалеше уште да каже колку години затвор треба да одлежи. Во ниедна демократска држава Собранието не смее да биде судница, а уште помалку пратениците од власта да бидат и кадии, и судии. Но, очигледно е дека за пратеникот Сашко Костов партиската директива е поважна од дигнитетот на законодавниот дом.

Собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања сеуште расправа за барањето за притвор на пратеникот Трајко Вељаноски, поднесено од Одделение за организиран криминал при скопскиот Кривичен суд. Вељаноски присуствува на седницата и пред членовите го образложи својот став за барањето, кое смета дека правно е неосновано, паушално и без докази. “Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, спротивни на Деловникот, или штетни за колеги пратеници“, рече Вељаноски.

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е многу чудно што обвинителството ја сменило одлуката, кога истите четири наводи по читани смс пораки ги имало на располагање уште од ноември 2017 година, и тогаш не покренало никакво обвинение против Вељаноски. Милошоски смета дека со овој чин се покажува колку правната држава е подредена на политичката волја која се одликува со политички прогон врз политичките неистомисленици.

Седницата е бурна, имаше многу емотивни говори, провокации и дофрлања. Во еден момент пратенички од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се заканаувал со каменот. Додека зборуваше Павле Вогоевски кој е и претседател на комисијата, пратеничката Ане Лашкоска почна да вика дека Мисовски (НСДП) ѝ се заканувал на пратеничката Магдалена Манаскова покажувајќи ѝ го каменот кој го носеше со себе. Мисовски се правдаше дека од почеток на седницата стои каменот како потсетник за 27 април. Негира дека се заканувал, вели дека тоа е каменот со кој него сакале да го удрат насилниците на 27 април. Некои пратеници му дофрлија и го прашаа дали можеби тој камен го внел Крсто Мукоски, кој ги отвори вратите на Собранието, а сега тој не е виновен, а Трајко Вељаноски треба да е терорист. Мисовски не одговори.

Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ продолжија да довикуваат како Мисовски го внел каменот, по што Богоевски ја прекина седницата петнаесет минути за да се смири атмосферата. Седницата треба да заврши во текот на денешниот ден. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...