Случајот во полиција го пријавил таткото на девојката

Објавил: admin@magazin | 1 септември, 2018 14:37

Скопјанка забременила од лице што ја силувало

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На седумнаесетгодиша девојка од Скопје и е констатирана бременост откако пред околу четири до пет месеци врз неа непознато лице извршило обљуба.

Според МВР, случајот вчера во полиција го пријавил таткото на девојката.

Девојката била пресретната од напаѓачот кај Железничката станица, по што тој ја внел во возило и ја силувал.

Таткото за овој немил настан дознал пред три недели од разговарот со неговата сопруга и со ќерката.

Бременоста на девојката е потврдена на скопската Клиника за гинекологија.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.