Во возовите и автобусите бројот на местата за седење е ограничен, а потребно е и одржување растојание меѓу патниците на местата за стоење. За контрола и спроведување на протоколот се задолжени организаторите на транспортот, односно јавните сообраќајни претпријатија.

Според неофицијални податоци, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 4 468 нови инфекции, речиси 3 000 повеќе од пред седум дена, а епидемиолозите стравуваат дека со ширењето на сојот омикрон, кој станува доминантен, бројот на дневни инфекции во врвот на новиот бран може да се зголеми на 10 000, па и повеќе.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јануари, 2022 12:48

Словенија од понеделник воведува построги правила за влез во земјата

Фото/Текст извор: ©магазин

Негативниот тест за влез во Словенија без карантин од понеделник ќе биде пократок од досега, се вели во новиот протокол на владата, која реагираше на забрзаното ширење на сојот омикрон

Валидноста на негативниот ПЦР тест при влез во Словенија ќе биде 48 часа од земањето брис, а на брзиот антигенски тест 24 часа од земањето брис, додека другите услови не се менуваат, пишува РТВ Словенија.

Во возовите и автобусите бројот на местата за седење е ограничен, а потребно е и одржување растојание меѓу патниците на местата за стоење. За контрола и спроведување на протоколот се задолжени организаторите на транспортот, односно јавните сообраќајни претпријатија.

Според неофицијални податоци, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 4 468 нови инфекции, речиси 3 000 повеќе од пред седум дена, а епидемиолозите стравуваат дека со ширењето на сојот омикрон, кој станува доминантен, бројот на дневни инфекции во врвот на новиот бран може да се зголеми на 10 000, па и повеќе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести