– Бројот на нови случаи на коронавирусот во Холандија се зголеми за 655, па вкупниот број на заразени достигна 37.845, соопшти Министерството за здравство.

Објавил: Владо Марин | 26 април, 2020 19:18

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот!

Фото/Текст извор: ©TВ 21

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.965.730 лица. Од нив починале 205.661, а оздравеле 871.286 луѓе.

– Во БиХ во последните 24 часа се потврдени уште 15 заразени со што вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 достигна 826. Вкупно оздравеле 256 пациенти, а почнале 32 лица.

– Бројот на нови случаи на коронавирусот во Холандија се зголеми за 655, па вкупниот број на заразени достигна 37.845, соопшти Министерството за здравство. Починале вкупно 4.475 лица.

– Во последните 24 часа во Хрватска од Ковид-19 заболеле уште 14 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 2.030. Во земјата досега починале вкупно 55 лица, а излекувани се 1.103 луѓе.

– Компанијата Дајмлер која произведува Мерцедес Бенз го стабилизира работењето во Кина.

– Американски видри од две фарми во Холандија се позитивни на Ковид-19.

– Во Африка се регистрирани повеќе од 30.000 случаи на коронавирусот, а заразата е присутна во 54 земји, соопшти денеска Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Досега во Африка од Ковид-19 починале 1.374 луѓе.

– Во Либан од утре ќе стапи во сила одредба со која се олеснуваат некои мерки воведени со цел борба против коронавирусот.

– Првпат од почетокот на кризата на Малта во последните 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирусот, рече министерот за здравство Крис Фирми и додаде дека поради тоа наскоро ќе се олеснат некои рестриктивни мерки.

– Во Словачка бројот на заболени се зголеми на 1.379. Вкупниот број на починати порасна на 18.

– Според последните официјални податоци, во Англија, Шкотска и Велс во болниците во последните 24 часа починале уште 368 луѓе, вкупно 18.420 до сега. Во оваа бројка не се вклучени смртните случаи од последици од Ковид-19 вон болниците.

– Израелските власти денеска дозволија некои компании повторно да отворат и наведоа дека разгледуваат можност децата да се вратат во училиште како дел од напорите за олеснување на ограничувањата и помошта за економијата.

Германските власти тестираа 450 жители на еден станбен комплекс во Гревенброих во западна Германија, затоа што две заразени семејства ги прекршиле правилата за карантин.

– Во Португалија 500 мигранти ќе бидат тестирани на коронавирусот, а некои од нив ќе бидат сместени во хостели и апартмани кои се издаваат на туристи и кои се празни поради епидемијата. Чекорот следува откако вирусот минатата недела се појави во еден мигрантски хостел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...