Ако сакате да имате чиста кожа, мора да внимавате на ова

Објавил: Македонка Димкин | 1 јули, 2018 14:01

Спиете со пуштена коса? Дерматолозите советуваат да не го правите тоа.

Фото/Текст извор: ©ubavinaizdravje.mk

Многу жени одат на спиење со пуштена коса, но тоа е голема грешка.Никој сè уште не го открил чудесното решение за совршено чиста кожа, но постојат некои работи што влијаат на изгледаат на најголемиот орган на човечкото тело.

Исхраната и стресот се едни од клучните фактори, а на здравјето на кожата можат да влијаат и околината и загадувањето на воздухот. Голема улога имаат и гените, но тука не може многу да се помогне. Сепак, постои една причина поради која кожата на вашето лице е во многу полоша состојба одошто би требало да биде, а не сте ни свесни за тоа.

Многу жени навечер одат на спиење со пуштена коса, а тоа може да е една од најголемите грешки што ги прават. Природните масла од косата, како и производите што ги користите, како што се шампон, регенератор и слично можат да ги затворат порите на вашата кожа и да ја иритираат. Поради тоа, лицето може да ви биде во многу полоша состојба одошто мислите. Но решението за овој проблем е многу едноставно.

Дерматолозите советуваат да ја врзувате косата во опавче пред спиење за да не спиете на неа. Само внимавајте да не ја врзете премногу цврсто, бидејќи така можете да ја оштетите, а и нема да ви биде пријатно да спиете со цврсто врзано опавче на главата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...