Интересно е тоа што нивната средба доби многу позитивни реакции во Грција,

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2019 11:25

Средбата Заев Ципрас главна тема во грчките медиуми- еве како тие ја оценија средбата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска дописничката на Миа од Атина, ги пренесе впечатоците на Јужниот сосед по вчерашната средба на премиерите на државите, Ципрас и Заев. Како што соопшти таа  нова ера и нови можности во односите меѓу двете земји, посета со историско значење, средба во позитивна, срдечна и пријателска клима, почеток на нови стратешки односи, се најчестите коментари во грчките медиуми за вчерашната посета на Алексис Ципрас на Северна Македонија.

Интересно е тоа што нивната средба доби многу позитивни реакции во Грција, а пак грчките новинари главно известуваат за најавените соработки и потпишаните спогодби, селфи фотографиите, активностите на сопругата на Заев и партнерката на Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми со пофални зборови за средбата Заев -Ципрас

Голем дел од грчките медиуми, испратија своја новинарска екипа за да ја следи средбата меѓу двајцата премиери, која речиси сите ја нарекоа историска. И во Грција како и кај нас, се известуваше детално и опширно.

Медиумите будно ги пренесуваа сите новости поврзани со првата заедничка седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји и потпишаните договори, така за одржаниот бизнис форум, но и за сето она што беше вон протоколот.

Пречекот на грчкиот премиер Ципрас, беше емитуван на државните национални телевизии во двете држави а од страна на грчката државна телевизија ЕРТ средбата на премиерите Заев и Ципрас беше презентирана како историска. Од таму велат дека историскиот карактер на посетата на многубројната владина делегација во Скопје и новата стратешка визија меѓу Грција и Северна Македонија ги истакнаа Алексис Ципрас и Зоран Заев во нивните изјави веднаш по завршувањето на заедничката седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји.

– Целта за Алексис Ципрас е постигната. Она што го кажаа блиски соработници на грчкиот премиер, кои се заедно со него, е дека со симболичниот потег, со првата посета на грчки премиер на Скопје, сакаше да ја зајакне стратешката соработка, Грција да има уште еден стратешки сојузник во поширокиот регион на Балканот затоа и беа потпишани низа договори, рече новинарот од Антена во неговото јавување од Скопје.

Грчките новинари ја оценија посетата на Ципрас како историски момент

Инаку Алексис Ципрас е првиот грчки премиер кој дошол во официјална посета на Македонија, и според македонскиот премиер Зоран Заев, пишуваат историја, објави телевизијата Open.

-И двајцата премиери ги истакнаа позитивните точки од договорот дека и двете земји можат да одат напред, објави грчката телевизија Скај во однос на економскиот форум.

Она за што воглавно известуваат грчките медиуми од вчерашната средба е безбедносната соработка, комисијата за трговските ознаки, спомениците, учебниците и отворањето амбасади во двете земји.

„Чекори на соработка со потпишување договори“; Историска посета; Суштинска и симболична посета“; „ Нова ера во односите Грција –Северна Македонија“; „Двете земји пишуваат историја“; „Ципрас и Заец го запечатија Договорот од Преспа“; „Договори за соработка меѓу Скопје и Атина“, се дел од насловите во медиумите, а вчерашната посета се најде и на насловните страници на денешните изданија на грчките весници.

Медиумите во Грција одвоија минути за средбата Заев-Ципрас

Секако грчките медиуми одвоија време и за поопуштените моменти од средбата. Селфи фотографијата која ја направија двајцата премиери се чини дека остави најголем впечаток.

-Со многу насмевки и селфи, Зоран Заев го пречека Алексис Ципрас во владината зграда во Скопје, објави ЕРТ.

-Бакнежи и прегратки на црвениот тепих и селфи со 20-те министри, со новинарите од едната и од другата земја, објави ТВ Стар.

Трите селфи фотографии беа најкоментираниот момент од оваа средба

Новинарот од ТВ „Oпeн“, во прилогот коментираше дека со првата селфи фотографија, Заев се обидел да ја направи уште потопла климата, а со слични коментари беа и новинарите од другите телевизии.

-Остави впечаток постапката на премиерот на Скопје кој го прекрши протоколот и пред да почнат да ги поздравуваат министрите од двете земји, го извади мобилниот за да се слика селфи со Ципрас, објави Скај.

-Зоран Заев како пријател го пречека Алексис Ципрас и ги прекрши сите протоколи, упатувајќи се кон новинарите за да се сликаат селфи, објави Антена.

Не останаа незабележани и дамите на премиерите кои го посетија гробот на Зорбас, а потоа се упатија на прошетка на скопското Кале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.