И неговата портпаролка

Објавил: Калина Мартинска | 15 април, 2024 10:54

Среде митинг недолични навреди за против-кандидатката: Пендаровски се смее

Фото/Текст извор: ©republika.mk

Пендаровски продолжува со навреди и омаложување на неговата противкандидатка, професорката Гордана Силјановска Давкова во секој негов говор, а синоќа без срам се изнасмеа кога поддржувач на СДСМ ја нарече баба.

Кандидатот на СДСМ, кој бара втор мандат да е претседател на Македонија, Стево Пендаровски, како да заборава дека сè уште е претседател, па на неговите митинзи го пробива и дното на јавни испади, кое претходно го држеа претседателите на партијата, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Пендаровски продолжува со навреди и омаложување на неговата противкандидатка, професорката Гордана Силјановска Давкова во секој негов говор, а синоќа без срам се изнасмеа кога поддржувач на СДСМ ја нарече баба.

„Од другава страна оваа што ја дигаат до небеса, јас ќе ви кажам само едно, од баба невеста не бива!“, вели возбудениот поддржувач, по што Пендаровски слатко си се смее.

Како да заборави дека и самата е жена, на оваа „шега“, се смее и портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.

Кузеска: Поради масовноста на митингот не успеав да го слушнам коментарот и да го спречам

Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска преку „Фејсбук“, откако јавноста бурно реагираше на навредите изнесени кон претседателската кандидатка проф. Гордана Силјановска Давкова за време на митингот на партијата во Куманово.

На видеото од митингот се гледа поддржувач на СДСМ кој, меѓудругото, на микрофон ја нарекува Силјановска Давкова „баба“, а и Стево Пендаровски и самата Кузеска се смеат. Таа вели дека поради „масовноста“ не успала да го чуе.

„Почитувани пријатели кои ме познавате и кои не ме познавате. По повод коментарот на еден од присутните на митингот на кандидатите на претседател во Куманово, сакам да бидам транспарентна и искрена кон целата јавност. Пред сѐ, поради масовноста на митингот за жал не успеав целосно да го слушнам коментарот на еден од учесниците и да го спречам. Тие кои ме познаваат и како поддржувачи на партијата на којашто сум гласноговорник, но и од сите други политички партии, знаат дека остро ги осудувам коментарите кои се навредливи за жена и знаат дека сум гласна во борбата против говор на омраза кон жените. Така е и во овој случај.
Коментарот е недоличен, навредлив и го осудувам. Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот“, вели Кузеска.

Димитриеска Кочоска: Навредите кон Силјановска Давкова ја потврдија паниката и стравот од пораз кој владее кај Пендаровски и СДС

Исценираните и однапред договорени прашања и одговори од страна на идната опозиција, кои изобилуваат со навреди кон професорката Гордана Силјановска Давкова дефинитивно ја потврдуваат паниката која владее помеѓу нивните редови, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се удираат во гради дека се за ЕУ и дека се прозападни, но од тие вредности немаат ништо, голема нула! Со ваков говор ги навредија и политичарите од западот, од ЕУ… Дали се свесни? До крајот на кампањата уште што треба да очекуваме? Дали има дно кое не го пробија? Почитувани идни опозиционери, додека не си ја промените менталната матрица на која робувате, никогаш повеќе нема да ја добиете довербата на народот, вели таа.

Димитриеска Кочоска посочи дека македонскиот народ има вредности и принципи, истиот тој народ нема да дозволи да биде претставуван од луѓе како вас.

-Доаѓа крајот за навредите и понижувањата! Македонија ќе биде повторно горда, порача таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.