Најголемата и една од најстарите во светот поетски манифестации "Струшки вечери на поезијата" заглави со пари па едвај пронајде скрпени средства за одржување

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 9:35

“Струшки вечери на поезијата” пред стечај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најголемата светска поетска манифестација во Македонија “Струшките вечери на поезијата” годинава со организациски проблеми за 57-тото издание.

За највисокото фестивалско признание “Златен венец” кое светските поети според своето значење го рамнат со Нобеловата награда министерството за култира годинава издвои бедна сума на пари.

“Оваа година за жал министерството скрати 1/3 од фестивалот. Напорите што ги направи дирекцијата и фестивалот беа огромни за да не се наруши нивото на фестивалот. Можеби ќе остане и во некои долгови натака на тоа не се надевам но тоа е еден преседан во однос на државата и односот кон нашите културни манифестации пред се оваа манифестација која е еден најголем бренд македонски.” – вели Славе Ѓорго Димоски кој се до лани – два манадати односно 8 години бил Претседетел на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

Додава дека своевремено правеле огромни напори фестивалот да се најде на поетската мапа на светот и кога во тоа се успеа парите кои државата сега ги издвои не се доволни за покријат основите потреби за организација на фестивалот.

“Струшки вечери овозможуваат македонскиот јазик да се слушне на сите континенти – нашата поетска мисла се рамни со најголемите поетски култури во светот – некои дури го ставаат на високо рамниште македонсиот поетски израз и ниту една Влада не смее да дозволи да згасне или да биде засенат поетскиот фестивал кој според својот континуитет е најстар во светот.” – изјави Димоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести