Радован Караџиќ, денеска од меѓународниот суд во Хаг, доби доживотна казна затвор

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 март, 2019 15:49

Судот во Хаг одлучи: Доживотен затвор за Радован Караџиќ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Радован Караџиќ, поранешниот претседател на Република Српска, денеска од меѓународниот суд во Хаг, доби доживотна казна затвор.

Денеска пред судот во Хаг во 14 часот и 30 минути Караџиќ беше изведен за конечна пресуда, при што му беше потврдена казната за геноцид, a казната затвор од 40 години му се преиначува во доживотна.

Караџиќ во март 2016 година беше осуден на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница и злосторство против човештвото во Босна и Херцеговина 1992-1995. Иако денеска неговиот брат изјави дека Караџиќ е оптимист, и очекува правдата да дојде на свое, сепак очекувањата не се исполнија. Денес жалбениот совет на Хашкиот трибунал ги одби сите точки од жалбата . 

Откако судот ја донесе пресудата за Радован Караџиќ во судницата започна громогласен аплауз.

Со оваа пресуда се затвора еден од најважните случаи пред Хашкиот трибунал кој се водеше од 1995 година.

За потсетување неговиот брат непосредно пред судењето изјави дека се оптимисти околу пресудата, бидејќи како што вели за овој случај имало многу лажни сведоци.

-Тој најдобро го познава својот предмет,знае дека имаше многу лажнин сведочења против него и поради тоа е оптимист. На сите нас ни даде надеж дека овој процес добро ќе заврши, така што ситесе надеваме и веруваме во правдата изјавил Лука за Вечерни новости.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.