Видовме само две тела како лежат пред возот на шините. Прашавме дали девојчето може да се помери, а потоа таа ни пружи рака. Помислив: Фала Богу жива е и може да се движи, рекол Торес.

Објавил: Весна Петровска | 25 септември, 2019 13:14

Татко (45) скокна под воз со ќерката (5) во прегратка

Фото/Текст извор: ©ројтерс / магазин

Американецот Фернандо Балбуена (45), со ќерката Фермни (5) која му била во прегратки скоканл во понеделникот под воз на подземната железничка во Њујорк.

Тој починал на лице место, а детето за чудо преживеало и поминало без никакви повреди. Стравичната сцена која ја затекнале присутните се случила во утринските часови кога фреквенцијата на луѓе е голема на станицата во Бронкс.

Сведоците велат дека Балбузена, држејќи ја малата Ферни во рацете, скоканл пред возот број 4 кој пристигнал на станицата. Присутните занемиле и мислеле дека човекот се убил и себе си и своето дете, а потоа се слушнал гласот на девојчето кое било под возот и го довикува својот татко.

Цезар Домингез (29) и Џаиро Торес (36) кој чекале превоз, веднаш скокнале на пругите за да му помогнат на детето.

„ Кога слушнав дека девојчето плачејќи го довикува својот татко, како да ја слушнав мојата ќерка, рекол Домингез, инаку татко на шест деца.

Тој додал дека Балбуена никој не го турнал од перонот, ниту пак случајно паднал, туку дека скокнал под возот со намера да се убие себе и својата ќерка.

Торес раскажал дека во првиот момент веднаш се парализирал но ведаш штом слушнал плач на девојчето, веднаш скокнал да помогне.

– Видовме само две тела како лежат пред возот на шините. Прашавме дали девојчето може да се помери, а потоа таа ни пружи рака. Помислив: Фала Богу жива е и може да се движи, рекол Торес.

Според неговите зборови, ни тој ни Домингез не можеле да се пикнат под воз, па побарале од девојчето да се обиде да ползи до нив.

– Таа тоа и го направи. Веднаш откако дојде до нас, ја земав во прегратки и ја качив на платформата, каде беа и собраните патници, навел Торес.

Детето веднапше е пренесено во болница и по сите деетални испитувања е пуштено дома. Лекарите велат дека девојчето физички е потоплно здраво и дека е вистинско чудо како не се здобило со никакви повреди или пак гребнатини.

Балбуена неколку минути пред да се убие ја повикал својата жена во Њујорк и телефонски се простил од неа. „ И рекол : „Збогум. Чувај ми ги децата, раскажа пријателот на Фернандо

Тој додал дека неговата сопруга не го разбрала баш најдобро што и зборувал сопругот, но знаела дека тука нешто не чини.
– Веднаш истрчала на станицата каде го затекна мртвото тело на својот сопруг и расплаканата ќерка која беше в шок, навел пријателот.

Мајката на девојчето потоа навела дека е среќна и благодарна на Бога што нејзиното дете е живо.

– Беше вистински ангел,но се бореше со депресијата. Не знам што му поминало низ глава во моментот кога со своето дете се врлил пред воз. Тој го сакаше нашето девојче, раскажала очајната жена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...