Лидерското место на Тереза Мај предизвикано од поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон

Објавил: Узунов Бобан | 17 мај, 2019 14:20

Тереза Мај со солзи во очите ја прими пораката дека мора да поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерката се бореше да го одржи во живот својот договор за брегзит со ЕУ и да ја продолжи својата функција, но нејзината контрола врз моќта ослабе.На Меј ѝ било кажано дека мора да си оди најдоцна до 30 јуни, за ториевците да можат да одржат избори за лидер. 

Тереза Меј со солзи во очите ја примила пораката дека пратениците стануваат нетрпеливи во очекувањето таа да го објави датумот кога ќе даде оставка, објавија британските медиуми.

Лидерското место на Тереза Мај е предизвикано од поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон  кој вчера објави дека ќе се кандидира за лидерското место на Ториевците. 


Александар Борис де Џонсон (роден на 19 јуни 1964), попознат како Борис Џонсон, е британски политичар, новинар и популарен историчар.  Тој беше градоначалник на Лондон од 2008 до 2016 година, а од 2016 до 2018 година работел како Државен секретар за надворешни работи и за Комонвелтот. Член на Конзервативната партија, Џонсон ги прифаќа конзервативните политки на една нација и е приврзаник на економски-социјално либерални политики.  


Борис Џонсон

Меј вчера се сретна со високи членови на Комитетот 1922 на ториевските пратеници, а состанокот бил „набиен со емоции“. 

Шансите на Меј да добие поддршка од лабуристите за Договорот за повлекување (ВАБ) бледнеат, при што партијата на Џереми Корбин е фрустрирана поради недостигот од напредок во меѓупартиските разговори и изгледите за нов премиер што ќе ги уништи шансите за компромис.

Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изрази жалење што не ја кажал вистината за време на кампањата на заговорниците за заминување од ЕУ, кои тврделе дека Велика Британија ѝ испраќа на Унијата 350 милиони евра неделно.

Во интервју за австрискиот весник „Дер стандард“, тој рече: „Мислам дека е несфатлива грешка од моја страна тоа што не интервенирав во кампањата за брегзит, поради желбата на Британија. Толку многу лаги беа кажани, толку многу погрешно беа прикажани последиците од гласот ‘не’, што ние како комисија требаше да ја кажеме вистината.“ 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.