Се поголеми шпекулациите кој ќе го наследи Велковски пред неговото денешно разрешување

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 13:37

Тони Јакимовски од СВР Скопје на местото на Лазе Велковски во БЈБ?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се поголеми се шпекулациите дека Тони Јакимовски актуелниот началник на СВР Скопје е предлогот за првото столче во Бирото за јавна безбедност на местото на Лазе Велковски чие разрешување се очекува денеска на барање на министерот Спасовски се дознава од свои извори во Владата.

Според нив името на Јакимовски е стигнато и на Илинденска број 2 со цел да биде ставено како точка на дневен ред на денешната владина седница.

Официјално од Влада не потврдуваат дали началникот ќе биде тема на дискусија денеска со објаснување дека кадровските решенија се отвораат на самите седници односно ретко кога се знаеле однапред.

Јакимовски како солуција е понуден од повисоки инстанци. Особено ако се знае неговата досегашна биографија во која стои дека тој бил дел од МАРРИ Регионалниот Центар на регионалната иницијатива за миграции – азил и бегалци – Скопје а како дел од овој тим со одлука објавена во Службен весник во септември 2008 година Јакимовски е именуван и за член на Меѓуресорската група за креирање на миграциона политика на Република Македонија.

На фотографијата е Тони Јакимовски екс директор на Југоисточниот европски центар за спроведување на законот (СЕЛЕК). Тој беше шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и е второосомничен во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство. Јакимовски во Букурешт, седиштето на СЕЛЕК, е разрешен од функцијата со со тајно гласање. Дали се враќа на голема врата или е сосема случајност на исто име и презиме?

Според ставот на премиерот во врска со разрешувањето на досегашниот и именување на нов директор на БЈБ општиот впечаток е дека Велковски е лице за кое Заев има високо мислење па дури и инсистирање тој да остане да му служи на министерството за внатрешни работи и покрај грешката што според експертите е кривично дело.

Дали тоа е истиот Тони Јакимовски кој беше поранешен шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и на 19-ти септември 2017 година беше разрешен од СЕЛЕК – регионалната мрежа за борба против криминалот со седиште во Букурешт и е обвинет од СЈО во случајот “Тврдина” за уништување на системите со кои нелегално се прислушувало?!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести