Иако на сајтот на МВР е објавена меѓународна потерница по лицето Никола Груевски, очигледно таа е за домашна употреба, како Интерпол не знае ни слушнал за таков човек

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 13:53

Интерпол не ни знае кој е Никола Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Уште еден од низата скандали, намерни или пропусти на македонското МВР и министерство за правда, Никола Груевски сеуште никој не го бара со потерница иако Спасовски на сајтот објави меѓународна.

Имено ТВ21 испрати барање до “Интерпол” да одговори на прашањето зошто Никола Груевски не е ставен на нивната листа како лице по кое се трага или е исчезнато.

Ова е согласно меѓународната потерница која МВР ја изрекламира на својата официјална интернет страна.

Одговорот кој го добија колегите е дека од “Интерпол” не коментираат посебни случаи освен во некои посебни околности, а одговорот зошто нема потерница по Груевски, да ги бараат во надлежните домашни институции.

На нивната интернет страница во моментов “Интерпол” трага по тројца државјани на Македонија: Ајро Аќуиф, Шпетим Битиќи и Џемсит Дехари.

Неофицијално потерницата која Спасовски ја цени за меѓународна воопшто не е ни испратена до надлежните институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести