Со новиот Закон е предвидено зголемување на платите на војниците на САД за 2.6 отсто што е најголем раст во последните девет години

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 10:10

Трамп го потпиша Законот за одбранбена политика

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша Законот за одбранбена политика вреден рекордни 176 милијарди долари.

Со новиот Закон е предвидено зголемување на платите на војниците на САД за 2.6 отсто што е најголем раст во последните девет години.

Законот исто така ќе му дозволи на Трамп да ги укине санкциите кон државите кои купиле руско оружје а сега сакаат да се опремат со американско оружје.

Со новиот Закон се дебликираат 69 милијарди долари за тековните операции во странство [ Авганистан – Сирија – Ирак – Сомалија и други ] и предвидува зголемување на бројот на војници со 16.000.

Околу 40 милијарди долари ќе бидат потрошени за обнова на военовоздухопловните сили додека 65 милијарди долари се наменети за производство на нови нуклеарни боеви глави со мала моќност кои ќе бидат стрелани од подморници.

Буџетот на Пентагон за 2019 година предвидува и 500 милиони долари за заедничко производство на системите за ракетна одбрана на Израел 850 милиони долари обука и вооружување на ирачката армија и 250 милиони долари помош за безбедноста во Украина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести