Ако Заев смета дека референдумскиот ден поминал идеално во процесот на гласање, зошто не ги вработи во Влада шоферите од ЈСП Скопје кои се избркани оти не сакале да гласаат?

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 13:56

Тројца возачи од ЈСП отпуштени поради бојкот на референдумот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Дека референдумскиот ден поминал во знакот на притисоци, уцени и закани за јавната администрација за излезе и гласа, покажува и случајот со ЈСП Скопје.

Имено директорот на ЈСП цел ден за гласањето правел телефонски повици до вработените во ЈСП, каде тој директно им кажал дека имаат евиденција дека лицата не излегле на гласање и доколку не излезат веднаш, ќе им биде прекинат договорот за вработување со ЈСП.

А тие кои биле со договор на неопределно работно време дека ќе бидат прераспреелени од возачи во хигиничари, гумари и други слични позиции.

Според неофицијалните информации во штабот на СДСМ во Сопиште, имало список на вработени по институции и на тој начин го информирале директорот на ЈСП.

Три лица кои биле под договор на дело на работно место возач, не ја послушале уцената од директорот и утрото на работа биле пречекани од одделението за човечки ресурси каде што им било кажано дека повеќе немаат потреба од нив, иако овие лица повеќе од 3 години одговорно си ги извршувале своите работни обврски.

Тројцата вработени што се отпуштени од ЈСП се од Скопско Сопиште.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести