Намален род за 30 - 40 отсто како и послаб квалитет и пониска откупна цена очекуваат производителите од годинашната реколта тутун поради честите врнежи летово

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 11:55

Тутунот годинава ќе има 40 отсто помал род а послаб ќе биде и квалитетот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И повторно да се зголемат температурите како што најавува Управата за Хидрометеоролошки работи не може ситуацијата значително да се подобри зашто денот е веќе намален а ќе има и роса.

Моментно во тек е бербата на третата и четвртата рака тутун односно на подобриот квалитет од родот. 

“Поради многу дождови и болести производството годинава ќе се намали за 30 – 40 отсто. Нашите проценки беа дека ќе достигне 26 милиони килограми но прашање е дали ќе исполниме и 20. Ќе биде тешко зашто освен помали количини ќе имаме и лош квалитетот. Треба да очекуваме проблеми со откупот.” – изјави претседателот на Сојузот на тутунските здруженија во Македонија Кире Неделковски.

Според него тутунарите треба да бидат свесни дека откупувачите нема да даваат добра цена.  Ако се донесе новиот закон тутун кој е во процедура откупот ќе почне од 15 ноември а треба да заврши кон крајот на февруари. Лани цената достигна 217 денари а колку ќе биде годинава Неделковски рече дека уште е рано да се каже.

Од Управата за Хидрометеоролошки работи исто така велат дека оваа година не е добра за тутунот. 

“Годинава е квантитативно добра но не и квалитативно. Ќе имаме големи количини тутун но со понизок квалитет. Дождот што ја зафати Македонија од синоќа ќе трае кратко. Можеби ќе ја отежне бербата и ќе има прекин денеска и утре но тоа не е за посебно одбележување зашто од среда повторно се очекува зголемување на температурите над 30 степени. Тоа ќе ги задоволи потребите за сушење на родот.” – истакнува агрометеорологот Ангелко Ангелески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...