Таа својата венчаница ја ставила на оглас но она што ги насмеа сите е пораката која ја напишала над фотографијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2019 13:49

Урнебесен оглас: Ја продава венчаницата за да собере пари за развод, нема да верувате што напишала за неа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Една бесна жена од Манчестер која сакала да остане анонимна на Фејсбук Маркетплејс објавила урнебесен оглас. Таа решила да ја продаде својата венчаница, за да собере пари за развод од, нејзиниот сопруг за кого посочува дека е „патолошки лажго“.

Бесната девојка ја продава својата чипкана венчаница, за да си го плати разводот

Таа својата венчаница ја ставила на оглас но она што ги насмеа сите е пораката која ја напишала над фотографијата. Бесната жена во описот на огласот напишала „Катастрофа“.

Инаку таа ја продава венчаницата за 450 фунти, а била купена 899 фунти. Венчаницата е украсена со чипка и има длабоко деколте во вид на срце. Хумуристичен е и моментот, дека напишала оти нејзиниот фустан е „подолг од нејзиниот брак“.

„Венчаницата е со големина 18, а би можела да одговара и на големина 14/16 и на неа не се правени никакви промени… За разлика од мојот живот“, напишала фрустрираната жена која моментално наводно е во нова врска, а одлучила да ја задржи за себе вистинската причина за разводот.Би препорачала да најдете добро хемиско чистење, за да се решите од сета лоша среќа која доаѓа со неа“, пишува на огласот.

Жената веќе на профилот објавила неколку слики од елегантната венчаница, но ги замолила потенцијалните купувачи да не бараат од неа дополнителни фотографии, а причината за тоа е што не можела да ја гледа  венчаницата.

„Оваа венчаница не можам да ја гледам исто како и мојот поранешен сопруг“, напишала таа.

Истакнала дека сите пари кои ќе ги добие од продажбата, планира да ги вложи во плаќање за разводот, а нејзината објава за само неколку часа е споделена повеќе од 4.000 пати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.