Пратениците на БЕСА и Алијансата нема да ги гласаат уставните измени ако го нема Албанскиот како официјален јазик, за СДСМ промената на името е чин на патриотизам

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 9:00

Уставните амандмани губат пет пратенички мандати за поддршка, еве и зошто

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Двете албански опозициони партии во законодавниот дом, БЕСА и Алијанса за Албанците кои заедно се претставени во законодавниот дом со пет пратеници на собраниската комисија за уставни прашања побараа имплементирање на нивните амандмани.

Сега е време да се решат отворените прашања за Албанците и да не се ставаат под тепих, рече Фадил Зендели од Беса на дебатата за нацрт уставните амандмани.

Беса има конкретно барање да се официјализира албанскиот јазик. Срамно е да се именува како јазик што го зборуваат 20 проценти. – рече Зендели.

Тој наведе дека е добро што се воведува Охридскиот договор во Преамбулата, но бара да се отвори дебата дали договорот се имплементира.

И Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците исто така рече дека сега е време да се официјализира албанскиот јазик во Уставот. Рашиди очекува по дебатата за предлог амандманите да се затвори и ова прашање.

Пратеникот Илија Николовски, генерал во пензија рече дека пратениците немаат време за губење и очекува дека во најскоро време ќе се заврши целиот процес околу уставните измени.

Со четирите уставни амандмани, се импрелемнитра спогодбата со Грција. Оваа обврска според став 4. точка д, ние треба да ја извршиме до крајот на декември годинава. Ако сме одговорни пратеници и патриоти, и ако сакаме државата да ја внесеме во НАТО И ЕУ, не треба да ја одолговлекуваме постапката за измена на Уставот. Да го утврдиме нацртот на амандманите за да може да се оди на јавна расправа.

Не гледам проблем со кој ќе губиме време за дискусија. Ништо не зборувам на памет. Ве повикувам, што е можно во пократко време да го усвоиме нацртот на амандманите за да може постапката да продолжи. Немаме време за натегање. Ајде да побрзаме. Треба да изградиме консензус, да бидеме најмалце 20 пратеници. – истакна Николовски.

Претходно на почетокот на дебатата за нацрт амандманите во Комисијата за уставни прашања денеска, која ќе трае три дена, премиерот Заев ја објасни потребата од уставни измени и ги презентира четирите нацрт амандмани.

Тој истакна дека додавката „северна“ е цената која Македонија треба да ја плати за интеграција во ЕУ и НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.