БЕСА со три, Алијанса за Албанците со два и два пратеника на ДПА можно е да апстинираат од финалното гласање за уставни измени ако не се прифатат нивните нови амандмани

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 12:03

Уставните измени без поддршка од 5 албански пратеници?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од извори од Собранието на Македонија, дознаваме дека пред почетокот на амандманската расправа се ситни т.н. ново парламентарно мнозинство на Заев за уставни измени.

Овој пат, уцените, заканите и (от)купувањето на пратенички гласови нема да е можно, како ниту еден од именуваните пратеници не е во финансиска или судска завист од власта на СДСМ и ДУИ.

Имено од извори во Собранието на Македонија, пет пратеници, три од БЕСА на Билал Касами и два од Алијанса за Албанците на Села, јасно ставиле до знаење дека по координацијата со партиските тела, донесе одлука на предложените четири т.е. пет уставни амандмани да приложат уште најмалку три.

Бараат гаранции за Албанскиот народ како државотворна нација заедно со Северно македонската, употреба на албанскиот јазик и писмо на национапно ниво, но преку Уставот а не Законот за употреба на јазиците како и интервенции во однос на Законот за територијална организација на Македонија.

БЕСА и Алијанса за Албанците сметаат дека со имплементирање на уште најмалку три амандмани кои стриктно се однесуваат на албанскиот народ а не етничка заедница, целосно би се искористила отвореноста на уставот, која во петокот ја гласаа точно 80 пратеници.

Неизвесно во својата одлука се и пратениците на ДПА, како нивниот претседател Мендух Тачи бил децицен дека отворањето на Уставот за промена на името на државата и промена на националниот идентитет на Македонците не се проблем на Албанците во Македонија, но ако таа можност не се искористи, не гледа како НАТО и ЕУ интеграциите за 50 години би им овозможиле економска стабилност на нивниот електорат.

ДУИ и СДСМ, според извори од владата до синоќа за нови адмандмани не сакале да дискутираат, но по ЦК на ВМРО – ДПМНЕ и јасниот став на ДУИ дека не сакаат предвремени избори пред пролет, следната година, извесно е дека Заев ќе понуди конмпромисно решение, Законски измени, кои до сега до БЕСА и Алијанса за Албанците веќе ги отфрлиле, барајќи уставни интервенции.

БЕСА на Касами и АзА на Села и за време на собраниската расправа за гласање за почеток на уставни измени беа јасни дека нивната поддршка би била само за да се отвори уставот, по што ќе достават свои амандмани, кои ако не наидат на поддршка до власта, нема да ја дадат својата поддршка во финалното гласање, кога на Заев повторно ќе му е потребна поддршка од 2/3 мнозинство.

Од Владата најавија дека четирите амандмани ќе бидат доставени до Собранието во петок, кога и ќе почне комисиската расправа (во две комисии) по што ќе се гласаат одделно. Од БЕСА и АзА информираат дека до петок очекуваат одговор од Заев на нивните барања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести