Во меѓувреме, според податоци на Алсат М, до овој момент, 349 граѓани се ставени во карантин, со одлука на Здравствениот инспекторат, додека околу 3790 граѓани се во самоизолација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 март, 2020 10:10

Уште три сомнителни случаи во Дебар за можна инфекција со вирусот Корона

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

АЛСАТ дознава дека од најмалку 3 лица биле земени примероци за ноќен тест, чии резултати се очекува да бидат официјално објавени денеска.

Во меѓувреме, според податоци на Алсат М, до овој момент, 349 граѓани се ставени во карантин, со одлука на Здравствениот инспекторат, додека околу 3790 граѓани се во самоизолација.

Синоќа од Министерството за здравство соопштија дека во земјава вкупно 48 лица се погодени од вирусот ковид-19, а 6 нови случаи беа потврдени во текот на вчерашниот ден, вклучително и 4-годишно девојче. Вирусот е потврден и во Гевгелија, Прилеп, Скопје, Дебар и Гостивар.

Битката со вирусот ќе ја добиеме многу полесно ако ја добиеме и битката со лажните вести, неточните информации и непроверените препораки. Сите овие придонесуваат до креирање на паника која е многу опасна во услови на криза. Како да постапувате, кои се симптомите, како и дали се лекува – информирајте се само од релевантни извори, напиша на официјалната Фејсбук страна министерот Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...