Ева е многу популарна на социјалните мрежи а овој пат буквално го запали Инстаграмот позирајќи покрај црвениот Дукати. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јуни, 2019 14:37

ФОТО: Ева Заева ги запали социјалните мрежи позирајќи покрај “црвениот убавец”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе сигурно ја препознавате Ева Заева, внуката на премиерот Зоран Заев. Пред извесно време на својот Инстаграм профил Ева го покажа својот убавец на две тркала, црвениот Дукати.

Ева Заева покрај црвениот Дукати

Ева е многу популарна на социјалните мрежи а овој пат буквално го запали Инстаграмот позирајќи покрај црвениот Дукати. 

Облечена во црна кожна тренди јакничка и тесни црни панталони мора да пизнаеме дека изгледа одлично покрај ваков ѕвер. Под фотографијата Ева напиша „Фати ме ако можеш“.

Но она што за јавноста е мистерија е во чија сопственост е моторот на покрај кој позира таа, дали овој убавец припаѓа  на нејзиното момче, Душко Чифлиганец, син на познатиот биснизмен Ванчо Чифлиганец, кој е страстен љубител на мотори и брзи коли или пак е нејзин. Токму и премиерот Заев е љубител на мотори па можеби таа страствена љубов Ева ја наследила токму од својот чичко.

 

Инаку Ева и Душко се заедно веќе подолго време и не ја кријат својата врска.Таа на социјалните мрежи постојано објавува фотографии со своето момче а најчесто се тоа фотографии направени на некое од нивните патувања на егзотични дестинации низ светот.

Ева, внуката на Премиерот Зоран Заев, има 19 години и постојано истакнува дека во себе носи огромен моден потенцијал. На секоја споделена фотографија на социјалните мрежи може да се забележи како Ева е скоцкана од глава до пети, во најтренди парчиња за кои открива дека најчесто сама ги креира.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.