Европската Комисија во името на ЕУ и Советот на Европа јасно ставија до знаење дека одлуката на Унгарија за можниот азил за Груевски е одлука на властите во Будимпешта

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 11:09

Хан ја злоупотреби функцијата од службениот твитер профил?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Европската Унија своите активности ги регулира строго протоколарно, преку изјави на потрпаролите за кои сите земји членки се уредни известени најмалку 12 до 8 часа претходно, со што изјавата на Твитер на Хан е приватно мислење.

Имено прва со став на ЕУ во име на Европската Комисија, коа е тело што раководи со унијата се јави портпаролката Маја Коцијанчич која изјави дека случајот околу можниот политички азил на поранешниот премиер на Македонија е нешто што ЕУ нема да го коментира а најмалку да го дискутира како се запазени сите процедури за кои имаат ингеренции.

Ден по неа се јави и портпаролот Маргаритис Шинас, исто така во името на Европската Комисија кој беше подециден во својата изјава:

Европската комисија не ги коментира тековните судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, што е услов и за земјите членки и за земјите кандидатки. Очекуваме сите страни строго да се придржуваат кон применливите правила. Ова е судски процес што не треба да се политизира. – изјави Шинас.

Денес еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан ја злоупотреби функцијата за приватно прашање кое го исполитизира азилот.

Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во ЕУ, но не ја смета за сигурна земја. – напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер.

Воедно Хан искористи и второ продолжение на твитот:

Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа. – напиша Хан.

Тој вели дека ако навистина Унгарија му дала политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, очекува гласно објаснување за нејзините основи од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според информации од кабинетот на премиерот на Унгарија, Орбан, прво ќе побараат верификација на тоа за каков вид порака се работи, по што ако Хан го злоупотребил својот службен профил на Твитер ќе побараат и одговорност, иако унгарскиот премиер инсистирал на средба сликовито да ја појасни одлуката која нема правен основ да ја појаснува.

Со ова се отвора прашањето дали Хан спаднал на толку ниски гранки да мора да одработи за премиерот Заев?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...