Како што пишуваат бугарските медиуми, во автобусот, немало други патници освен двајцата возачи.

Објавил: admin@magazin | 26 мај, 2019 14:58

ХИТ ФОТО ВО БУГАРИЈА: Македонски автобус постана „кабриолет”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Двајца Mакедонски шофери, минале без повреди во бизарен инцидент што утрово се случи во Пловдив.

Како што пишуваат бугарските медиуми, во автобусот немало други патници освен двајцата возачи. Шоферот удрил во надвозникот на автобусот и останал без горниот дел.
По социјалните мрежи се шегуваат дека автобусот сега станал „кабрио“ и е подготвен за новата летна сезона.

Инаку Пловдив е град во Jужна Бугариjа. Тој е вториот по големина град во Република Бугариjа и претставува административен центар на Пловдивска област. Пловдив се наоѓа на 24° 45′ источна географска должина и 42° 9′ северна географска ширина.

Низ градот тече реката Марица. Пловдив е сместен во близина на планината Родопи, во западниот дел на Горнотракиската низина. Според статистиката, од 1885 година, кон краjот на ХІХ век, градот има население од 33 500 жители, од кои – 45% Бугари, 25% Грци, 21% Турци, 6% Евреи и 3% Ерменци. По Првата Светска војна на периферијата на градот се населиле многу бегалци од Македонија. Во 2011 година Пловдив има 331.796 жители. Најголемиот дел од нив се Бугари, а другите се Ерменци, Евреи, Турци, Роми, Грци и други.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.