Кога Џими Кимел го прашал што мисли за тоа да биде кум на кралското бебе, Џорџ веднаш одлучно одбил.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 мај, 2019 19:25

Холивудскиот заводник Џорџ Клуни не сака да биде кум на кралското бебе Арчи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот холивудски заводник и актер, Џорџ Клуни, за време на гостувањето кај Џими Кимел, откри дека не сака да му биде кум на кралското бебе, иако тоа беше најавено веднаш по неговото раѓање.

Познатата двојка, актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал имаат две близначиња, и се многу блиски пријатели со со Хари и Меган, но сепак и покрај сите претпоставки актерот не сака да биде кум на малиот Арчи кој е роден на исти ден со актерот.

Кога Џими Кимел го прашал што мисли за тоа да биде кум на кралското бебе, Џорџ веднаш одлучно одбил.

Бебето на кралската двојка е родено на ист датум со познатиот актер Џорџ Клуни

„Тоа би била лоша идеја“, одговорил тој, а потоа образложил: „Јас сум татко на близнаци, а и со тоа едвај се справувам. Не би требало да бидам ничив кум.“

На прашањето на Џими каков ќе биде неговиот одговор ако Хари и Меган би го побарале тоа од него, тој одговорил:

„Јас нема да бидам кум, ти ветувам. Сосема сум сигурен во тоа.“

Инаку кралската двојка го доби своето прво бебе Арчи, кое всушност е прво бебе од мешан брак.

Ова е седмо бебе по ред на тронот и осми правнук на кралицата Елизабета. Младите родители за британските медиуми изјавија дека бебето е многу мирно и дека се остварил нивниот сон.

Инаку Меган Маркл и принцот Хари се решија за името Арчи, бидејчи сакале да му дадат на своето прво дете име што ќе потсетува на родните земји и на двајцата родители.

Арчи значи „искрен“, „храбар“ или „смел“ и е попопуларно име во Велика Британија отколку во САД, од каде потекнува Меган Маркл. Оригинално било скратена форма од Арчибалд, но во поново време се користи како самостојно име.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.