Оние кои ќе отворат ќе мора да работат по правила и протоколи кои ги донесе Комисијата за заразни болести!

Објавил: Владо Марин | 17 јуни, 2020 8:58

Хотелите се отвораат на 22 јуни во Македонија: ОВА СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА!

Фото/Текст извор: ©Алсат

Владата вчера донесе уредба со сила на закон која на сместувачките капацитети им дозволува да почнат со работа.

Оние кои ќе отворат ќе мора да работат по правила и протоколи кои ги донесе Комисијата за заразни болести.

Алсат дојде до протоколите со кои освен редовна и честа дезинфекција на сите делови од објектот, потребно е задолжително растојание помеѓу персоналот и гостите на рецепција, ограничен треба да биде бројот на гости во заедничката просторија каде се служат оброците, намален број на групни собири и слични активности кои би биле ризични во време на епидемија.

ПРОТОКОЛИ ЗА ХОТЕЛИТЕ

– Монтажната преграда од проѕирна пластика на рецепција

– Гостинот заедно со клучот добива флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој

– Секојдневно одржувањето на хигиената на јавните простории и собите

– Плаќање со кредитна картичка како степен на заштита

– Служењето храна на шведска маса не е дозволено

– Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси

– Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5- 2м

– На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица

Хотелиерите веќе изјавија дека оваа сезона е пропадната поради големата здравствено-економска криза. Со државната помош со ваучерите за нешто повеќе од сто илјади граѓани според туристичките работници само ќе затвори некоја дупка годинава. Се уште е нејасно како ќе функционираат плажите и кој ќе води ред во нив. Дополнителен проблем на туристичките работници им е и економската оправданост за плаќање на концесија за плажите годинава.

А посебен проблем ќе имаат оние сместувачки капацитети кои немаат сопствена плажа. Засега загубите во туризмот надминуваат стотина милиони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести