Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Објавил: admin@magazin | 26 декември, 2020 15:11

ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: ВЕЧЕРВА И УТРЕ ВРНЕЖЛИВО – НА ПЛАНИНИТЕ ФОРМИРАЊЕ НА НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес кон крајот на денот најпрвин во западните и северозападните, а во текот на ноќта и утре и во останатите предели од Македонија ќе има врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Не се исклучува можноста на некои места да има и развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Поради спуштање на нешто постуден воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните и во северозападните предели каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека денес попладне и навечер особено на север ветерот ќе биде од северен правец. Утре локално и повремено ветерот ќе биде  и СИЛЕН (над 80 км/час). Макеидмалните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...