Министерството за одбрана на Црна Гора испрати војска долж државната граница со Албанија

Објавил: Мартин Попоски | 16 август, 2018 15:35

Црна Гора испраќа војска на границата со Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Припадниците на Војската на Црна Гора од денеска ќе бидат ангажирани во контрола на граничната зона и државната граница со Албанија зона на граничниот премин Божај изјави Министерството за одбрана на Црна Гора.

“Границата ќе ги контролира заеднички патроли на полицијата и на армијата на Црна Гора пред се со цел спречување на илегалните преминувања на границата со Албанија и други нелегални активности на граничните премини и во областа на границата.” – се вели во соопштението.

Црногорската војска и полиција се ангажирани врз основа на Одлуката на Советот за одбрана и безбедност на земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.